Американската пејачка Лејди Гага на аукција во САД купи 55 предмети кои му припаѓале на починатиот „крал на поп музиката” Мајкл Џексон, пишува во средата весникот Los Angeles Times.
На аукцијата, којашто се одржала во текот на викендот, биле продадени многу предмети на славниот пејач за вкупна сума која надминала пет милиони американски долари. Првично организаторите на наддавањето очекуваа сума меѓу милион и два милиона долари. Средствата ќе бидат донирани во хуманитарни организации.
Колку на наддавањето вкупно потрошила Лејди Гага не е наведено, меѓутоа познато е дека таа стана сопственик на белите ракавици на Мајкл Џексон, за кои платила и 192 илјади долари, а две концертни јакни на пејачот сега се во нејзината колекција за сума од 308 илјади долари.
На аукцијата одржана на Беверли Хилс биле понудени 465 предмети кои потекнуваат од различни периоди на кариерата на Мајкл Џексон, вклучувајќи костими и парчиња гардероба.
По аукцијата Лејди Гага на своите следбеници на Twitter им соопшти дека „купила 55 парчиња коишто ќе бидат архивирани и стручно згрижени во духот и љубовта на Мајкл Џексон, неговата храброст и фановите од целиот свет”.
Лејди Гага, којашто во моментов е една од најбараните американски пејачки, речиси редовно е добитник на најпрестижните годишни музички награди. Таа, исто така, стана позната по своето екстравагантно однесување, како на пример кога на една од церемониите се појави во облека направена од парчиња сирово месо, другпат, пак, таа на сцената се „испили” од јајце, а неодамна лансираше парфем со мирис на крв и сперма. исто така, е жесток поборника за правата на сексуалните малцинства.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: