Почина најстарата личност на светот

Најстарата личност на светот, Американката Беси Купер, почина во вторникот во 116-та година од животот во Монро, во сојузната американска држава Џорџија, јави телевизиската мрежа CNN повикувајќи се на нејзиниот син.

„Имаше долг и пријатен живот. Почина мирно“, изјавил Сидни Купер за телевизијата.
Гинисовата книга на рекордите ја прогласи Беси Купер за најстарата личност на човештвото во јануари 2011 година. Таа е родена на 26-ти август 1896 година во сојузната американска држава Тенеси.
Кога ќе ја запрашаа за тајната на нејзината долговечност, Беси Купер најчесто одговараше: „Си ја гледам својата работа и ние јадам џанк фуд“.
Се омажила во 1924 година за Лутер Купер со кој имала четири деца.
На прославата на нејзиниот 114-ти роденден присуствуваа 12 внучиња и десетина правнуци и праправнуци.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: