Манчестер Сити е најлошиот англиски клуб во историјата на Лигата на Шампионите!

По поразот во Дортмунд, со кој неговиот клуб ја затвори европската сезона, тренерот на Сити, Роберто Манчини, инсистира дека неговиот клуб нема причина да се срами. 

Актуелниот англиски шампион заврши на последната позиција во групата D, без победа, а со само три бодови (три нерешени натпревари и три порази), што е најслаб учинок што го имал англиски клуб во групите на Лигата на Шампионите (претходно овој негативен рекорд го држеше Блекбурн, кој освои 4 бода во сезоната 1995/1996). 

“Треба да ви биде незгодно ако не дадете 100% од себе во секој натпревар, но кога ќе дадете се од себе, секако може да се случи да загубите. Ние сакавме да постигнеме гол, но имавме голем проблем и не успеавме. За да победите, морате да погодите, во спротивно ќе загубите или мечот ќе заврши 0-0. Ние во последно време даваме многу малку голови, а мораме да даваме повеќе ако сакаме да победуваме. Не ја пропуштивме шансата за пласман сега. Кога почнувате со толку грешки колку што имавме ние во првите 3 натпревари, тогаш едноставно нема поправки.” – изјави менаџерот на Манчестер Сити. 

Сепак, Италијанецот се обидува во ситуацијата да пронајде нешто позитивно: “Очигледно е дека испаѓањето може да ни помогне во домашната лига.” – прашање е само колку со овие изјави се обидува да го мотивира тимот, а колку со истите се обидува да си го спаси работното место. 

Пронајдете не на следниве мрежи: