И мајките на Сребреница бараат одговорност од Карла Делпонте

Здружението „Мајките на Сребреница и Жепа“ се придружија на барањата за поднесување тужба против поранешната главна обвинителка на Меѓународниот суд за воени злосторства сторени на територијата на поранешна СФРЈ во Хаг, Карла Делпонте.

Ова здружени на главно бошњачки жени коишто ги загубиле најблиските во српскиот масакр сторен во Сребреница и Жепа, како што пишува во средата сараевскиот дневен весник Dnevni Avaz, ја сметаат поранешната главна хашка обвинителка Карла Делпонте за виновна, затоа што според нив, некои од обвиненијата за воени злосторства ги подигнала од политички причини.
Претставничките на ова здружение, Хајра Чатиќ и Хатиџа Мехмедиовиќ му испратиле писмо на Лука Мишетиќ кој пред Хашкиот трибунал го застапува хрватскиот генерал Анте Готовина кој неодамна доби правосилна ослободителна пресуда, како и на адвокатите на поранешниот командант на Ослободителна војска на Косово и екс премиер на Косово, Рамуш Харадинај, кој исто така беше ослободен од обвиненијата за воени злосторства во Хаг, коишто најавија покренување постапка против Карла Делпонте за нејзините изјави дека ослободителните пресуди за споменатите двајца, како и за хрватскиот генерал Младен Маркач, не претставувало задоволување на правдата. Двете од овие адвокати барале да им помогнат за кривично гонење на Делпонте, пишува весникот.
„Бараме да се покрене одговорност поради подигнувањето на обвинението против Насер Ориќ, Сефер Халиловиќ, Расим Делиќ..“ се наведува во писмото испратено до адвокатите во коешто се потсетува дека Ориќ и Халиловиќ пред судот се ослободени од секоја одговорност, додека Делиќ почина во време додека се обидуваше да ја докаже својата невиност.
Со потсетувањето дека властите на Босна и Херцеговина безуспешно веќе барале во Советот за безбедност на Обединетите нации да се покренат прашањата за одговорноста на поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал, членките на здружението на мајките од Сребреница истакнуваат дека е особено важно да се утврди одговорноста на Карла Делпонте поради фактот дека ги заштитила документите на Врховниот совет за одбрана на поранешната СР Југославија, односно Србија, вклучувајќи ги и личните досиеја на Ратко Младиќ и другите генерали од составот на поранешната Војска на Југославија коишто се обвинети за злосторства сторени во текот на војната во БиХ.
Тие ја сметаат „срамна и понижувачка“ одлуката на Делпонте да дозволи уништување на делови од документите и предметите кои им припаѓале на жртвите од Сребреница и кои служеле како доказ на судењето во Хаг.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: