Кујните во три училишта, заедно со магацинскиот простор во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош се затворени откако се потврдени случаи на девет деца заразени со салмонела, информираат од Општина Карпош.
Во ООУ „Војдан Чернодрински“ се заразени три ученици, во „Владо Тасевски“ пет, а во „Јан Амос Коменски“ има еден ученик заразен од салмонела.
- Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел
- Под Јени џамија откриени темелите на црквата „Св. Ѓорѓи“: Отвоен Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Битола
- СДСМ и Левица ја поздравија одлуката на Владата за надминување на кризата со јавниот превоз
- Зеленски ја повика меѓународната заедница да реагира на лансирањето на руската ракета
- Британија го намалува буџетот за одбрана за 500 милиони фунти
- Русија користела „експериментална“, а не интерконтинентална ракета во нападот во Украина, тврди американски претставник
- Писториус се откажа од кандидатурата за канцелар и го поддржа реизборот на Шолц
- Левица: Предизвикувајќи инцидент ДПМНЕ избега од одговорот зошто не ја укинаа историската комисија
- Банана залепена за ѕид продадена на аукција за 6,2 милиони долари
-Во ООУ “Војдан Чернодрински” од 180 ученици кои се хранат во училишната кујна (појадок и ручек), само кај 3 ученици од Центарот за јавно здравје има потврда дека имаат салмонела. Во ООУ “Јан Амос Коменски” од 350 ученици кои се хранат во училишната кујна (појадок и ручек), само кај 1 ученик е потврдено дека има салмонела. Во двете училишта станува збор за ученици од прво одделение. Во ООУ “Владо Тасевски” има потврдени 5 случаи од 1 до 4 одделение, од 350 деца кои примаат храна во училиште, информираат од Општина Карпош.
Оттаму посочуваат дека во петокот за појадок имало мекици без јајца, а за ручек спанаќ без месо со кисело млеко.
Во текот на вчерашниот и денешниот ден се земени брисеви од сите работни површини во сите основни училишта.
– Фирмата која врши снабдување со храна во сите основни училишта во Карпош сама побарала вонреден преглед. До добивањето на резултатите ќе бидат затворени кујните во овие три училишта, како и кујната во ООУ Димо Хаџи Димов каде што нема регистрирани случаи, но е сместен магацинот од каде се снабдуваат другите училишта, велат од Општина Карпош.
Резултатите се очекуваат најдоцна до сабота.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.