Стареењето е неизбежен дел од животот што не можеме да го игнорираме. Но, годините никогаш не треба да ви го одредуваат животот или да ве ограничуваат. Најдобро е да верувате дека годините навистина се само број и секогаш да го негувате вашето внатрешно дете. За овие искуства никогаш не сте престари.
9 искуства за кои никогаш не сте престари
1. Учење нови вештини. Никогаш не сте престари за учење. Одржете го умот активен.
2. Вежбање. Човечкото тело е создадено за живот во движење. Прилагодете ги вежбите на вашите години, кондиција и телесна форма.
3. Слушање музика од разни периоди. Добрата музика е добра музика без разлика на кој жанр или век му припаѓа. Откривањето нови песни и изведувачи е одлично искуство за сите возрасти.
4. Танцување. Кој вели дека подиумот не е за постари од 50 години? Немојте да бидете робови на предрасудите и опуштете се на подиумот за танцување.
5. Страв. Стравот е примарна емоција и е природен одговор кога се наоѓаме во опасност или незгодна ситуација. Не слушајте ги другите. Никогаш не сте престари за да ви е страв од темница.
6. Плачење во јавност. Кога ќе ве надвладеат емоциите, понекогаш мора да попуштите. Најдобриот начин да го направите тоа е да заплачете. Нема ништо срамно во тоа.
7. Да не знаете што да направите. Стареењето не значи дека секогаш ќе ги имате сите одговори. Понекогаш нештата не излегуваат како што сте планирале и нормално е да немате план уште веднаш. Немојте да се грижите, кога-тогаш ќе го најдете решението.
8. Вљубување. Без разлика колку пати сте се вљубиле досега, никогаш не е доцна повторно да го искусите тоа. Немојте да губите верба во љубовта.
9. Следење на вашите соништа. Никогаш не е доцна да ги направите соништата реалност. Не се откажувајте од она што го сакате и дајте сè од себе да ги постигнете посакуваните цели без разлика на вашата возраст.