Сигурно 99% од луѓето би помислиле дека парче лепак што наликува на некој цртан херој е ѓубре. Но на некој начин, луѓето на оваа листа успеале да заработат илјадници евра продавајќи најчудни работи. Погледнете ги најапсурдните трансакции на сите времиња.
1. Јадење пред камера за 8.000 евра
Во Јужна Кореја, луѓето што јадат пред камера имаат милиони прегледи на Јутјуб. Овие „познати“ личности заработуваат по 8.000 евра месечно снимајќи се додека јадат огромни порции разна храна.
2. Стар џемпер за 35.000 евра
9 луѓе што успеале да продадат глупости за многу пари
Еден пар од Америка, Шон и Рики Мекевој, купиле стар џемпер од продавница за користена облека. Подоцна сфатиле дека џемперот му припаѓал на американскиот фудбалер Винс Ломбарди. Парот го продал џемперот на аукција за неверојатни 35.000 евра.
3. Салата од компири за 45.000 евра
Човекот по име Зек Браун одлучил да ја искористи платформата за донации Kickstarter за да собере пари за да направи салата од компири. Побарал само 8 евра, но на крај завршил со 45.000.
4. Десниот чевел на Џастин Бибер по цена од 50.000 евра
На концерт во Франкфурт, Џастин Бибер фрлил една од неговите патики во публиката. Среќното момче што ја фатило успеало да ја продаде на eBay за 50.000 евра.
5. Принт од Интернет објава за 75.000 евра
Овој принт на којшто пишува „Некогаш уметноста беше нешто што се цени. Денес сè може да биде уметност. Овој пост е уметност.“ бил продаден за 75.000 евра, и тоа само 36 часа по објавата.