1. Хранливи материи
Авокадото ќе ви помогне на лесен начин да внесете големо количество од потребните витамини и минерали. Во само една порција авокадо има дури над 20 корисни витамини и минерали. Тоа содржи железо, калиум, магнезиум, витамини Ц, Е и К и многу други здрави состојки.
2. Здрави масти
Здравите масти се клучни за здравјето бидејќи го одржуваат здравјето на кожата, го подобруваат апсорбирањето на витамините и минералите и го зајакнуваат имунитетот. Овие масти можат да го намалат и ризикот од мозочен удар, инфаркт и висок холестерол.
3. Здраво срце
Редовното консумирање бета ситостерол и други растителни ситостероли го одржува нивото на холестерол во крвта. Авокадото ја има оваа состојка во изобилство. Покрај тоа, некои истражувања покажале дека авокадото може да го намали и нивото на лошиот холестерол.
4. Коски
Иако со здравјето на коските најчесто се поврзуваат калциумот и витаминот Д, од голема важност е и витаминот К. Овој витамин му помага на телото ефикасно да го апсорбира калциумот. Без доволно витамин К, телото не го апсорбира калциумот и поголемиот дел од него се исфрла преку урината. Во едно авокадо има речиси половина од препорачаната дневна доза витамин К.
5. Детоксикација
Авокадото е богато со хранливи влакна и има околу 6-7 грама во половина овошје. Хранливите влакна ја спречуваат констипацијата, го одржуваат здравјето на дигестивниот систем и го намалуваат ризикот од рак на стомакот, дебелото црево и панкреасот. Со редовното консумирање авокадо вашите црева ќе се празнат полесно, а ова е клучно за детоксикација на организмот.
Некои истражувања покажале и дека хранливите влакна ги регулираат имунитетот и воспаленијата. Зголеменото внесување хранливи влакна го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол, а помага и во слабеењето.
6. Здрави очи
Авокадото содржи повеќе лутеин и зеаксантин од кое било друго растение. Овие важни состојки се неопходни за здравјето на очите и видот. Тие се концентрирани во ткивото на окото и го намалуваат оштетувањето и нудат заштита од ултравиолетова светлина. Покрај тоа, масните киселини во авокадото го поттикнуваат апсорбирањето на корисните антиоксиданси, како бета-каротинот. Со редовното консумирање авокадо можете да ги спречите болестите на очите кои се појавуваат со возраста, како на пример, слепило.
7. Спречување дијабетес
Истражувањата покажале дека авокадото е одлично за луѓето со дијабетес. Во едно истражување учествувале пациенти со дијабетес и јаделе авокадо секој ден. На крајот од експериментот испитаниците имале подобрено ниво на инсулин и шеќер во крвта.
8. Здрава бременост
Авокадото е богато со фолна киселина, калиум, витамин Ц и витамин Б6 кои се добри за ткивата и мозокот на бебето. Фолната киселина го намалува и ризикот од спонтан абортус. Овие хранливи материи можат да ја намалат и утринската мачнина.
9. Намален ризик од депресија
Фолната киселина го спречува насобирањето на хомоцистеинот – супстанца што може да го спречи стигнувањето на хранливите материи до мозокот. Вишокот хомоцистеин може да има влијание и на лачењето на серотонин и допамин, кои пак имаат влијание врз расположението и сонот. Јадењето храна богата со фолна киселина, како авокадото, може да го намали ризикот од депресија.