Добрите девојки се фини и добро воспитани, бидејќи тие веруваат дека не постои друг начин на однесување на овој свет. Тоа е причината поради која тие се и често повредувани од другите.
Ова се најчестите проблеми со кои тие се соочуваат.
Кога се договарате да изглезете со друштвото, ги прифаќате сите опции бидејќи важно ви е само да излезете и да ги видите.
Кога се обидувате да бидете љубезни со другите, тие сметаат дека флертувате со нив.
А, кога ќе се обидувате да ги поправите покажувајќи им дека не е така, тие се однесуваат како кретени.
Продолжувате да им давате шанса на некои луѓе во вашиот живот мислејќи дека не се толку лоши.
Кога некому понекогаш ќе кажете „не“ се соочувате со вина која трае со денови.
На луѓето им треба повеќе време да забележат дека сте тажни, бидејќи не сакате да ги замарате со своите проблеми.
Голем дел од луѓето сметаат дека тоа што сте љубезни и секогаш насмеани, значи дека немате карактер.
Се чувствувате лошо кога ги поправате другите луѓе. А, од друга страна пак, не сакате да продолжат да грешат.
Мразите конфликти и кога некогаш ќе застанете во своја одбрана, луѓето ви велат дека сте дрски и арогантни.