9 психолошки прашања што ќе ви помогнат да го прочитате вашиот соговорник

„Длабоките дискусии“ стануваат многу популарни. Порано, ова се сметаше за еден вид филозофски разговор помеѓу двајца луѓе, но денес длабоките дискусии станаа целосно нов начин на комуникација, што им помага на луѓето подобро да се запознаат.
Следниве 9 прашања ќе ви помогнат да се вклучите во дискусија за нешта на кои не сте ни помислиле претходно. Овие прашања бараат детални одговори, па одговарањето со „Да“ или „Не“ нема да функционира. Најинтересно е тоа што нема точен одговор за ниту едно прашање.
1. Дали би отворил/а писмо во кое го има датумот на твојата смрт?
Со одговорот на ова прашање ќе го разберете нивото на фатализам на соговорникот, но и неговиот став кон животот.
2. Дали би бил/а пријател со себе?
На овој начин ќе откриете колкава е самодовербата на соговорникот, како и неговите силни и слаби страни. Исто така ќе дознаете и колку е интересен.


3. Ако можеш да видиш скала за мерење над главите на луѓето, што би сакал да мери таа скала? Социјален статус, среќа, богатство…?
Со овој одговор ќе дознаете кои се вредностите и приоритетите на соговорникот.
4. Што правиш поразлично од другите луѓе?
На овој начин ќе ја разберете самодовербата на соговорникот, неговата смисла за хумор, нивото на лудило и колку е уникатен неговиот карактер.
5. Ако твојот партнер никогаш не открие дека си го изневерил, ќе му кажеш ли?
Одговорот ќе ги покаже моралните стандарди на соговорникот, како и неговиот став кон другите луѓе.


6. Дали некогаш се чувствуваш како денешниот ден да ти бил повторен 100 пати?
Со одговорот на ова прашање можете да разберете како соговорникот го живее својот живот и дали неговиот живот му значи или не.
7. Ако мажите и жените живееја на 2 различни планети, што би се случувало на нив?
Со ова прашање ќе откриете дали личноста е склона кон стереотипно размислување и колку логички размислува.
8. Ако направиш злодело за да го нахраниш твоето гладно дете, дали си лоша личност или си направил злодело од потреба?
И овде ќе дознаете повеќе за моралните стандарди на соговорникот, но и за неговиот став и однос со семејството.
9. Ако среќата беше пари, што би била твојата работа?
Со ова ќе научите за надежите и соништата на соговорникот. Ќе дознаете што мисли дека му недостасува во животот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.