9 јапонски вежби коишто се одлични за женското тело

Дали знаете дека Јапонките го држат рекордот за долговечност веќе 25 години? Тие како да не стареат и го восхитуваат светот со нивната физичка форма. Вежбањето, заедно со здравата исхрана, е една од најголемите тајни за совршеност во јапонската култура. Во продолжение погледнете неколку јапонски вежби што ќе им помогнат на жените да се вратат во форма и да се наполнат со енергија.


1. Трска на ветар
Оваа вежба го зголемува дотокот на крв во нозете и ги спречува болките во нив.
Легнете на стомак на тврда површина.
Свиткајте ги колената. Релаксирајте се и замислете си дека вашите нозе се како трски што ги вее ветрот.
Мрдајте ги опуштените нозе и обидете се да го допрете задникот со петите. Можеби нема да успеете веднаш, но не се откажувајте. Повторувајте ја вежбата секој ден за да забележите резултати.
2. Лист


Оваа вежба го подобрува држењето на телото и церебралната циркулација.
Легнете на грб на тврда површина.
Релаксирајте се и замислете си дека вашето тело е празно и лесно.
Свиткајте ги колената и немојте да ги кревате стапалата. Бавно поставете ги стапалата што е можно поблиску до задникот.
Полека кренете ја главата и обидете се да ги допрете колената со дланките. Немојте да го кревате ‘рбетот.
Штом ќе ги стигнете колената, подигнете ја главата и осигурете се дека вашиот ‘рбет е во хоризонтална положба.
Останете во оваа положба што е можно подолго. Замислете си дека енергијата влегува во вашето тело преку главата.
Вратете се во почетната позиција и релаксирајте се.
3. Брод
Ова е одлична вежба за жените кои само што се породиле и чии мускули се послаби. Вежбата исто така ја подобрува рамнотежата, дигестијата и ќе ви помогне да се ослободите од масните наслаги на стомакот.
Легнете на грб со споени нозе, а рацете поставете ги покрај телото.
Избројте до 4 и подигнете ги нозете со прстите исправени напред.
Истовремено подигнете го и горниот дел од телото со исправени раце. Допрете ги колената со прстите.
Останете во положбата што е можно подолго.
Повторете до 10 пати, во зависност од вашата физичка форма.


4. Гранка
Оваа вежба е одлична за болките во грбот и за зајакнување на крвните садови.
Застанете исправено. Раширете ги нозете што е можно повеќе. Стапалата треба да бидат паралелни.
Фокусирајте се на вашето тело и замислете си дека е празно и без тежина.
Поставете ги дланките врз бубрезите и испреплетете ги прстите.
Бавно свиткајте го грбот назад и вратете ја главата.
Кога ќе почувствувате истегнување, опуштете ги рацете.
Бавно движете се лево и десно.
Кога ќе почувствувате замор вратете се во почетната позиција со дланките врз бубрезите.

5. Небо покрај река
Оваа вежба е одлична за согорување на масните наслаги на стомакот и е добра за ‘рбетот и крвотокот. Исто така ја буди вашата имагинација и го смирува умот.
Легнете на грб на тврда површина и опуштете го телото.
Спојте ги дланките зад главата.
Полека исправете го телото во седечка позиција.
Продолжете да се наведнувате напред кон нозете колку што можете.
Кога ќе почувствувате истегнување, замислете си дека стоите покрај река. Ја гледате и се растворате во неа.
Бавно вратете се во почетната положба. Запомнете го чувството на растворување.
Погледнете нагоре и замислете си дека го гледате небото.
6. Лоза
Оваа вежба ги намалува болките во грбот и нозете.
Застанете исправено.
Бавно масирајте ја половината и замислете си дека вашето тело станува флексибилно.
Нежно наведнете се напред и обидете се да ја допрете земјата.
Вратете се во почетната положба и нежно навалете се назад колку што можете.
Вратете се во почетната положба и нежно навалете се лево и десно.
Вратете се во почетната положба и релаксирајте се.


7. Лак
Оваа вежба е одлична за масните наслаги на колковите, ја намалува болката во долниот дел од грбот, ги отвора колковите и го подобрува дишењето.
Застанете на вашите колена.
Свиткајте го грбот назад и фатете ги глуждовите со дланките.
Останете во положбата 5 секунди и вратете се во почетната положба.
Направете до 10 повторувања, во зависност од вашата физичка форма.
8. Вежби за жени со проблеми со јајниците
Оваа вежба ги истегнува колковите, стомакот и грбот, ја намалува напнатоста во јајниците, ги масира и стимулира органите во стомакот, создава емоционална рамнотежа, го намалува стресот и го смирува умот.
Застанете на сите четири. Дланките треба да бидат под рамената, а колената под колковите.
Замислете си права линија што ги поврзува вашите рамена и колкови. Издолжете го вратот.
Издишете и свиткајте го грбот кон таванот. Рамената и колената не треба да ја променат положбата. Навалете ја главата напред.
Вдишете и вратете се во почетната позиција.


Повторете до 20 пати.
Оваа вежба ја подобрува циркулацијата, ги зајакнува колковите, нозете и задникот и ослободува од констипација. Одлична е за жени со проблеми со матката и јајниците.
Легнете на стомак. Поставете ги рацете покрај телото со дланки свртени кон земјата. Нозете нека бидат на растојание од 15 центиметри.
Истегнете ја ногата и кренете ја 15 центиметри. Не мрдајте ја другата нога.
Држете ја положбата неколку секунди и вратете се во почетната позиција.
Направете до 50 повторувања со секоја нога.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.