Понекогаш жените тешко можат да ги согледаат негативните карактеристики на мажите со кои се во врска, а понекогаш за доброто на врската молчат и с еправат дека ништо не забележуваат.Не знаат за подобро
Најчесто жени кои израснале во семејства во кои имало случаи на насилство решаваат да ги премолчат навредите и понижувањата од страна на партнерот, бидејќи се плашат од осамен живот. Тие сакаат да го променат емоционално недостапниот маж кој навредува и злоставува, но без стручна помош тоа е невозможно.
Се плашат од обврски
Постојат жени кои се плашат од сите обврски што една љубовна врска ги носи, па затоа стапуваат во врски со мажи исто толку несериозни или исплашени како нив. И покрај лошото однесување на мажите, овие жени се спремни да ја одржуваат оваа врски бидејќи знаат дека таа нема да се помести од едно одредено ниво.
Кај партнерот ги гледаат само добрите страни
Жените најчесто остануваат со некои мажи бидејќи постојано се надеваат дека и покрај сите испади и лоши постапки тој сеуште е оној нежен и грижлив тип како кога го запознале. Се обидуваат да ги игнорираат тие испади и се вокусираат дамо на неговите позитивни особини.
Се фокусираат на дамнешни моменти
Најчесто станува збор за случаи кога мажот на почеток бил добар, внимателен и љубезен, но потоа станал груб и ладен. Поради ова жената вината за неговото однесување ја бара во себе и се обидува да ја врати врската во старите денови кога била пријатна и полна со љубов.
Не сакаат да се соочат со реалноста
На многу жени им е тешко да ја прекинат врската бидејќи во нив секогаш постои надеж за подобрување. Вината лежи во тоа што тие веќе имаат исконструирано во главата слика за идеален партнер. Мислат дека со помали промени повторно ќе му ја разгорат страста на мажот и ќе го подобрат заедникиот живот.
Обичниот секс се претворил во врска
На многу жени им е привлечна само сексуалната енергија на мажот. Често се случува за време на сексуалните односи тие да се зближат, па по игра на случајноста тој маж да стане нејзин љубовен партнер. Сепак врската се гради само на сексуална основа, бидејќи таа се плаши да го запознае вон креветот.
Тој ветува дека ќе се промени
Огромен број жени паднале на ова ветување. Во најголем дел од случаите по измама, расправија, лош збор, па и по некој удар, кога ќе заладат односите тој веднаш се разнежнува и ветува дека ќе се промени. Секој заслужува втора шанса, но ако си дозволи и таа да ја уплеска, повеќе нема што да барате кај него.
Не сакаат да се соочат со проблемите
Жените остануваат во врски и покрај сите маки и проблеми. Тие не сакаат да се соочат со проблемите и се потпираат само на надежта за подобро утре, и почесто размислуваат за туѓи проблеми, па се тешат дека нивните и не се така лоши.
Не сакаат да ги признаат грешките
Дури и на самиот почеток, жените не признаваат дека одбрале погрешен партнер иако се свесни за тоа. Остануваат во врска која не сакаат да ја поправат и надоградуваат, затоа што прекинувањето на истата го доживуваат како нивен личен пораз.Не знаат за подобро
Најчесто жени кои израснале во семејства во кои имало случаи на насилство решаваат да ги премолчат нав