9-те верувања на мрзливите и неефикасни луѓе – II дел

Речиси невозможно е за секој, дури и за неефикасните меѓу нас, да продолжат содосаден живот, откако потполно станале свесни на фактот дека неефикасноста еизбор. Таа е директен резултат на непродуктивни верувања и однесувања. Затоа во вчерашниот прв дел ви ги претставивме дел од 9-те нешта, во кои треба да престанеме да веруваме: 9-те верувања на мрзливите и неефикасни луѓе – I дел. Во денешниот втор дел ќе прочитате за преостанатите нешта. 6. Никогаш нема да простам!
Ќе морате да простите.
Вие не треба да ги сакате, не морате да бидете пријатели со нив, не мора да поминувате време со нив повторно, но морате да им простите, да заборавите, нека пројде времето. Затоа што ако не простите, ќе се чувствувате како да сте врзани со камења за глуждовите, кои се премногу тешки, за да ве ослободат да продолжите понатаму.
7. Новите искуства и патеки се премногу ризични
Почувствувајте го стравот и во секој случај направете го тоа. Не треба да се плашите од иднината, туку минатото е тоа што се заканува на вашиот развој. Не би сакале ли попрво да направите нешто големо и да научите лекција, отколку да не правите ништо и да не научите нешто од остатокот од вашиот живот?

8. Почнувањето на нешто од почеток не е за мене, без разлика на околностите
Доаѓа момент во вашиот живот кога ќе сфатите дека ништо не може да биде исто и ќе сфатите дека отсега па натаму, времето ќе биде поделено во два дела: пред ова и по ова.
9. Моето сегашно чувство на несреќа ќе создаде чувство на среќа во понатамошната иднина
Можеби мислите дека имате право на среќа во иднина отколку што имате сега, но тоа не функционира на тој начин. Да се биде среќен потребно е време, исто како што понекогаш сте несреќни. Треба да живеете со насмевка, да не чекате ништо. Ако секој ден го поминувате во чекање, вашиот живот ќе ве направи да бидете помалку среќни. Да се биде среќен значи вистински да се живее.  6. Никогаш нема да простам!
Ќе морате да простите.
Вие не треба да ги сакате, не морате да бидете пријатели со нив

Пронајдете не на следниве мрежи: