Кујните во три училишта, заедно со магацинскиот простор во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош се затворени откако се потврдени случаи на девет деца заразени со салмонела, информираат од Општина Карпош.
Во ООУ „Војдан Чернодрински“ се заразени три ученици, во „Владо Тасевски“ пет, а во „Јан Амос Коменски“ има еден ученик заразен од салмонела.
- Нафтата се доставува во базните станици на ЈСП, се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје
- Aмериканските власти ја бранат одлуката како неопходен чекор за да ја зајакнат Украина
- Сонцето влегува во Стрелец! 3 хороскопски знаци очекуваат среќен период до 21 декември
- Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ
- ,,Турски тек” беше и укрсинска мета: Генералот Залужни сакаше да изврши пренасочување во Црното Море
- Украина – Русија: Воените аналитичари предвидуваат продолжување на конфликтот во наредните месеци
- Апасиев открива зошто почнал конфликтот – пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја пцуеле неговата сестра
- ШТО ТЕСТИРАА РУСИТЕ ДЕНЕСКА ВО УКРАИНА „Нема ништо што може да се спротивстави, може да стигне до каде било во Европа“: Ракетниот одговор „Орешник“ за ATACMS
- Загина пешак откако возило удрило во него на улица во Чаир
-Во ООУ “Војдан Чернодрински” од 180 ученици кои се хранат во училишната кујна (појадок и ручек), само кај 3 ученици од Центарот за јавно здравје има потврда дека имаат салмонела. Во ООУ “Јан Амос Коменски” од 350 ученици кои се хранат во училишната кујна (појадок и ручек), само кај 1 ученик е потврдено дека има салмонела. Во двете училишта станува збор за ученици од прво одделение. Во ООУ “Владо Тасевски” има потврдени 5 случаи од 1 до 4 одделение, од 350 деца кои примаат храна во училиште, информираат од Општина Карпош.
Оттаму посочуваат дека во петокот за појадок имало мекици без јајца, а за ручек спанаќ без месо со кисело млеко.
Во текот на вчерашниот и денешниот ден се земени брисеви од сите работни површини во сите основни училишта.
– Фирмата која врши снабдување со храна во сите основни училишта во Карпош сама побарала вонреден преглед. До добивањето на резултатите ќе бидат затворени кујните во овие три училишта, како и кујната во ООУ Димо Хаџи Димов каде што нема регистрирани случаи, но е сместен магацинот од каде се снабдуваат другите училишта, велат од Општина Карпош.
Резултатите се очекуваат најдоцна до сабота.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.