Да се биде истовремено и силна и чувствителна личност е навистина тешка работа. Вашите пријатели и познаници би ве опишале како бестрашни и храбри, но само оние кои навистина добро ве познаваат знаат дека сте многу чувствителни.
Во продолжение прочитајте ги знаците кои укажуваат дека имате силен карактер, но и дека сте многу чувствителни личности.
1. Понекогаш светот ве поразува
Можете да бидете и најсилната личност на светот, но светот секогаш ќе најде начин како да ве разочара. Ја употребувате силата за да се борите за она во коешто верувате, но понекогаш се ви доаѓа преку глава и сакате да се откажете.
2. Им се спротиставувате на луѓето, но секогаш со аргументи и разум
Не се плашите да си го искажете своето мислење, но секогаш тоа го правите аргументирано и со разум. Се грижите и внимавате да не ги повредите чувствата на другите, но истовремено и не дозволувате да бидете замолчани и избуткани во агол.
3. Ви треба многу време за да ги наполните батерии
Целата таа борба да водите битки наспротив вашите чувства и грижа за другите предизвикува да се истоштувате многу бргу и едноставно ви треба време кога ќе се исклучите за се, со цел да се подготвите за новите борби и предизвици кои стојат пред вас.
4. Многу сте внимателни и пребирливи за изборот на партнер
Затоа што вам не ви е дојдено до тоа да бидете со некого само колку да кажете дека имате некој. Вие не можете да живеете лажен и медиокритетен живот, ниту пак да бидете во врска без доволно чувства со човек кој мислите дека не е соодветен за вас, само за да покажете пред луѓето дека имате некого. Вие имате критериуми и внимавате кого пуштате во вашиот живот.
5. Потребен ви е „реален“ и „вистински“ разговор
Вам не ве интересира кој се омажил, кој се развел, кој има швалерки и која ставила силикони или се здебелила. Вие сакате да правите издржани разговори со суштина и поента. Вие сакате да научите нешто од секого и за вас единствениот начин да се поврзете со некого е да направите квалитетен разговор.
6. Не можете со секого да се најдете во муабет
Баш токму поради погорната точка. Луѓето често ве заморуваат со неважни разговори за други луѓе и туѓи животи, а вам тоа ви е само губење на време. Вашата енергија не се погодува со енергијата на повеќето луѓе, па затоа и вашиот круг на пријатели е прилично тесен.
7. Добар слушател сте
Една од предностите на силните и чувствителни луѓе е тоа што можат да се справат со се, но имаат и многу високо ниво на емоционална интелигенција и емпатија која ги прави одлични слушатели. Поради тоа луѓето сакаат да им се обратат кога имаат проблем, затоа што знаат дека секогаш ќе бидат ислушани и дека ќе добијат искрен и добар совет.
8. Не патите да бидете центар на внимание
Вие знаете кои сте и што сте, вам не ви треба вниманието од секој човек што ќе го сретнете. Вам ви е доволно да го имате вниманието на оние коишто се со вас. Вашиот шарм и енергија самите го прават своето, вие никогаш не правите нешто за намерно да привлечете внимание.
9. Понекогаш сте молчаливи
Понекогаш едноставно не ви се зборува. Понекогаш сакате да се исклучите и само да набљудувате. Вие имате аналитички ум и сакате да анализирате, а за тоа е потребно молчење. А и не сакате да зборувате напразно, туку кога навистина имате што да кажете.