Кога посетувате некого, никогаш не чепкајте по фиоките, не вадете храна од фрижидерот, не гледајте ги сметките и не палете цигари без дозвола од домаќинот.
1. Врата
Се разбира, ќе ви биде дозволено да допрете туѓа врата, но никогаш не треба сами да влезете во нечиј дом без присуство на домаќинот или ако не сте поканети. Секогаш чукајте или ѕвонете на ѕвончето, дури и ако вратата е отклучена, освен ако домаќинот јасно не ви кажал поинаку.
2. Спална соба
Влегувањето во нечија спална соба не е учтиво, освен ако не сте поканети. Постојат ситуации кога би можеле да влезете во нечија спална соба, на пример ако домаќините ги оставаат палтата на гостите таму, но дури и во тој случај, прво почекајте домаќините да ви кажат дека смеете да влезете таму.
3. Подот – додека носите чевли
Во зависност од социјалните норми и од личните навики на домаќинот, многумина имаат правило да не шетаат низ домот во чевлите што ги носат надвор. Затоа, пред да влезете во нечиј дом со чевли, прво погледнете како се однесува домаќинот. Ако шетаат низ куќата со чевли, тоа веројатно ќе биде прифатливо и за вас.
4. Фрижидер и фиоки во кујната
Во ред е да го отворите фрижидерот кога се наоѓате во куќата на најдобриот пријател или на семејството, но во сите други случаи, непристојно е да земете туѓа храна без прашање.
5. Прозорци и термостат
Многумина не им дозволуваат на некои членови од семејството да го допираат термостатот, а камоли на гостите. На крајот на краиштата, тој што ги плаќа сметките одредува каква ќе биде температурата. Истото важи и за отворањето прозорци.
6. Фиоки и плакари
Отворањето фиоки и плакари во домот на некој друг е дефинитивно чепкање во приватноста. Никогаш не копајте низ работите во просторија каде што домаќинот не ве гледа или не ве очекува.
7. Работно место, пошта и сметки
Не знаете како некој сака да го организира својот работен простор и затоа не преместувајте ги работите на нечие биро. Гледањето на сметките и на поштата е навистина непристојно.
8. Цигари и електронски цигари
Ако домаќинот не пуши или не ви дава дозвола да пушите, никогаш не смеете да пушите цигари во туѓ дом. Ова правило е уште построго ако има деца во домот. Ако навистина треба да запалите цигара, извинете се и излезете надвор.
9. Wi-fi лозинка
Обидете се да се воздржите од барањето wi-fi лозинка ако не сте многу чест гостин. Покрај тоа, ако ја побарате лозинката веднаш штом ќе пристигнете, на другите им давате знак дека поголемиот дел од времето ќе го поминете на вашиот мобилен телефон, а тоа не е пристојно.