Советниците на поранешниот тренер на Барселона Пеп Гвардиола му порачаа на водството на Челзи да престане да врши притисок на шпанскиот тренер во врска со неговите идни тренерски планови.
Сопственикот на Челзи Роман Абрамович очајнички сака да го види Гвардиола на клупата на својот тим, но него сите тие приказни сè повеќе го иритираат.
Гвардиола ја шокираше фудбалската јавност кога во април најави дека на лето ќе ја напушти Барселона, за да земе едногодишен одмор од фудбалот.
Но по неполн месец, го контактирале од Челзи за да го преземе нивниот тим. Откако Гвардиола ги одби, на клупата седна Роберто ди Матео, кој Сините ги одведе до титулата европски првак.
Сепак, Ди Матео и покрај тоа неодамна доби отказ, а на клупата е доведен Рафа Бенитез како привремено решение, додека Абрамович единствено на Гвардиола би му дал одврзани раце на подолг период, пишува „Сан”.
Покрај Челзи, за Гвардиола се заинтересирани и француски ПСЖ, како и двата Манчестра.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: