7 ѕвезди кои се издигнуваат во Серија А

Без разлика дали сте фанатик или само повремено го гледате италијанското фудбалско првенство, Серија А оваа сезона се развива по многу интересен пат. 

Табелата, каде минатата сезона доминираше Јувентус, оваа сезона е реална цел на многу други тимови. Голем дел од тоа се должи на неколку млади фудбалери кои навистина експлодираа на големата сцена и им помагаат на своите тимови да се борат за високи позиции. 

Погледнете 7 ѕвезди кои и тоа како брзо се издигнуваат во Серија А. 

 

7. Лоренцо Инсиње, Наполи

Напаѓачкиот фудбалер од Неапол е вистинска дефиниција за фудбалер кој оваа сезона се издигнува во ѕвезда. Во 15 натпревари оваа сезона, Инсиње има три гола и три асистенции за Наполи во домашните натпревари. Се работи за брз фудбалер, а ова му одговара на Единсон Кавани, кому му се ослободува простор во нападот. 

 

6. Жуан Жезус, Интер

Жуан Жезус има 21 година, а веќе е дел од првиот тим на еден од најелитните клубови во Италија. Младиот Бразилец веќе има 12 настапи за Интер во Серија А оваа сезона. Еднаш беше прогласен за човек на мечот, а во просек има нешто под 7 исфрлања, четири одземени топки и 2.5 пресечени топки по натпревар.  

Веб-сајтот whoscored.com му дава рејтинг од 7.38, а споредено со него, Винсент Компани од Манчестер Сити има рејтинг од 7.12. 

 

5. Себастијан Џовинко, Јувентус

Себастијан Џовинко игра фантастично за Бјанконерите оваа сезона. Има постигнато 5 голови и 3 асистенции во 13 натпревари за Јуве, а еднаш беше прогласен и за човек на мечот. Јувентус ги откупи преостанатите 50% од неговиот договор од Парма ова лето, а се чини дека Џовинко до сега ги оправдува парите. 

 

4. Пол Погба, Јувентус

Францускиот фудбалер од средниот ред одигра одличен меч против Торино. Жан Франсоа Жиле од Торино на два пати го сопре Погба кога овој можеше да влезе во сериозни шанси за постигнување погодок. Деветнаесет-годишниот фудбалер има 2 гола во 9 натпревари за Јуве оваа сезона, а еднаш бил прогласен и за човек на мечот. 

Очигледно е дека Погба има огромен потенцијал, но дали има место за него да блесне во веќе пополнетиот состав на Јуве? 

 

3. Стеван Јоветиќ, Фиорентина

Дваесетитригодишниот репрезентативец на Црна Гора оваа сезона има 6 голови и 3 асистенции во 11 натпревари за Фиорентина, а два пати бил прогласен за човек на мечот. Јоветиќ е можеби најголемата причина за успехот на Фиорентина во досегашниот тек од сезоната. 

 

2. Ерик Ламела, Рома

Ерик Ламела е исто така огромен дел од успехот на Рома оваа сезона. Тој има 8 голови и една асистенција во 12 натпревари за Римската Волчица, а дури 4 пати бил прогласуван за човек на мечот. Рома мора да се потруди да го задржи Ламела во својот состав што е можно подолго. 

 

1. Стефан Ел-Шарави, Милан

Лесно беше да препоставите кој ќе застане на местото број 1 на овој список. Ако не сте слушнале за Ел-Шарави, пропуштате издигнување на идна суперѕвезда. Овој напаѓач на Милан има само 20 години. Веќе е прв стрелец во Италија со 12 голови на 15 натпревари во оваа сезона. Тој е можеби единствената причина за неколкуте добри резултати на Милан оваа сезона. Има 2 асистенции зад своето име, а 5 пати бил прогласен за човек на мечот, што заедно со Хернанес од Лацио е најдобар учинок во Серија А во овој поглед.  

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: