Аврамопулос: Проширувањето на НАТО не е отворена забава

Проширувањето на НАТО е политика на отворени врати, но не е отворена забава, е пораката што шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос ја упати за време на министерскиот состанок на НАТО во Брисел.

Аврамопулос нагласил дека Грција јасно го поддржува проширувањето на алијансата, како алатка за постигнување на мир, безбедност и прогрес во регионот.
Потенцирајќи ги историските последици од национализмот и популизмот во регионот, Аврамопулос, според соопштението на грчкото МНР, посочил дека иредентизмот и популизмот продолжуваат да доминираат во домашните политики на одредени земји од регионот.
Порачал дека секој во регионот треба да сфати дека прецртувањето на границите на Балканот е завршено и дека тековните регионални проблеми не треба да се внесуваат во алијансата. На крајот Аврамопулос ја нагласил потребата од почитувањето на основните принципи и услови што ги има воспоставени НАТО, вклучувајќи ги и добрососедските односи.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: