Главната уредничка на Вог кандидат за амбасадор на САД во Европа

Американскиот претседател, Барак Обама ја разгледува можноста за нов амбасадор на САД во Велика Британија или Франција да ја постави главната уредничка на модното списание Vogue, Ана Винтур, пишува National post.

Шеесет итригодишната Ana Винтур има и конкуренција за дипломатската функција во Лондон, со оглед на тоа дека Метју Барзун, кој беше финансиски директор на претседателската кампања на Обама е заинтересиран за оваа функција.
Тие двајцата собраа најмногу донации во претседателската предизборна кампања на Обама. Секој од нив собра повеќе од 500 илјади долари. За амбасадорското место во Париз, според весникот, конкурирал и Марк Лерси, партнер и основач на фирмата „Авенија капитал менаџмент“.
Меѓутоа портпаролката на Vogue, Меган Салт вели дека Винтур не е заинтересирана за дипломатија. „Таа е доста задоволна со сегашната работа“, вели Салт.
Портпаролот на Белата куќа, Џеј Керни не сакаше да коментира, како ни Марк Лерси, додека Барзун, кој е и поранешен амбасадор во Шведска не беше достапен, пишува весникот.

Пронајдете не на следниве мрежи: