Азар стравува од рана елиминација во ЛШ

Белгискиот интернационалец во редовите на екипата на Челзи, Еден Азар, призна дека искуството во минатата сезона со Лил во Лигата на Шампионите не му остави убави сеќавања и не би сакал истото да се повтори.

Играчот од средниот ред на екипата на Челзи, белгијанецот Еден Азар, знае какво е чувството кога ќе бидеш елиминиран во последното коло од групната фаза во Лигата на Шампионите, како е да се брка победа во последното коло, бидејќи токму со екипата на Лил го имаше тоа искуство во ланската сезона.

„За жал, се зависи од последниот натпревар. Мораме да оствариме победа и да не мислиме на она што се случува во Донецк. Во Лил во претходната сезона бев во иста положба но тогаш не го остваривме успехот“ вели Азар.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: