Бензема: Мурињо треба да остане

Францускиот интернационалец од редовите на Реал Мадрид смета дека во најдобар интерес за клубот е да остане Португалецот Жозе Мурињо на клупата и по истекот на сезоната.

Во последно време премногу се шпекулира околу иднината на Жозе Мурињо, се вели дека Португалецот на крајот од сезоната би си заминал од Реал Мадрид, сепак, Карим Бензема навива да Мурињо остане во Реал Мадрид.

„Лично, навистина би сакал Мурињо да остане во Мадрид. Сметам дека неговото останување во клубот е од голем интерес за сите во клубот“ изјави Карим Бензема.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: