Неодамнешните шпекулации поврзани со Верати се чини дека целосно се отфрлени откако самиот ПСЖ излезе со демант во јавноста и соопшти дека Верати сепак останува во тимот.
Имено, по неколкуте шпекулации дека наводно Карло Анчелоти би добил отказ, се појавија и такви шпекулации што говореа околу иднината на Верати, дека наводно младиот фудбалер би можел во летниот преоден трансфер-период да се пресели во Јувентус.
Јувентус е заинтересиран за услугите на овој млад фудбалер, во кого гледаат како наследник на Пирло.
„Нема вистина во тоа дека Верати ќе се врати во Италија. Среќен е во ПСЖ, игра за еден од најсилните клубови во Европа, со големи амбиции во иднина“ изјави Донато ди Камли, претставникот на ПСЖ.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: