Бразилецот порача дека е готово кога тренерот го извади од игра а по мечот изјави дека ќе го напушти клубот, италијанецот му порача дека може слободно да прави што сака, бидејќи тој сака да остане во клубот.
Скапо платениот Хулк беше очаен на синоќешниот натпревар од Лигата на Шампионите меѓу екипите на Милан и Зенит, воопшто не претставуваше опасност за одбраната на Милан.
Бидејќи беше повлечен од игра, а не зборува ниту италијански ниту руски, тој гестикулираше кон Спалети и рече дека е готово.
По мечот беше бесен, порача дека ќе си замине од клубот ако тренерот продолжи вака да се однесува. Дури се шпекулираше дека барал од клубот Спалети да биде сменет, но тоа подоцна беше демантирано.
„За замените се прашувам јас, го повлеков од игра бидејќи беше лош. Што се однесува до гестикулациите, можеби бил лут поради начинот на кој го одигра мечот“ изјави Спалети.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: