Почина патријархот на Антиохија и целиот Ориент

Loading...

Раководителот на православната црква во Сирија Игнатиус lV Хазим, патријарх на Антиохија и целиот Ориент, почина во Либан на 92-годишна возраст по мозочен удар, соопшти православниот патријархат.

Роден на 4 април 1920 година, патријарх Хазим почина од мозочен удар во средата наутро во болницата Сент Жорж во Бејрут, изјавија од православниот патријархат со седиште во Дамаск.
Антиохиската православна црква е една од 14-те автокефални цркви во ориенталната православна заедница. Таа има околу 1 милион верници, односно мнозинството од христијаните во Сирија.
Православната заедница во Сирија, брои 1,8 милиони жители.

Макфакс)

loading...
Loading...