Бразилци кои тренирале џиу-џицу, сепак, успеале да го претепаат легендарниот актер, Чак Норис, кој стана непресушен извор на инспирација за вицеви.
„Бев во Рио де Жанеиро на одмор и почнав да тренирам џиу-џицу. Во секое училиште за овие боречки вештини постојано се спомнуваше некое семејство, па морав да дознам кој се тие“ вели Чак Норис.
Според вицовите, кога Чак Норис ќе стави прст во струја таа сама себе се удира, но познатиот актер откри дека постои некој кој успеал да го онесвести со еден удар.
„Ги запознав и ги прашав дали може да тренирам со нив. Имав црн појас во џудо, па мислев дека може да им парирам ним. Најпрви на партерот бев со Риксон Граци и тој буквално си играше со мене. Потоа пробав со неговиот татко, кој е низок човек. Ми рече да го удрам, а јас го послушав. Следно што се сеќавам е дека се разбудив од несвестица. Ме болеше грлото, не можев да голтам, а тој ми се извинуваше“ вели Чак Норис.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: