Основана светска алијанса за борба против детската порнографија на интернет

Европската унија, САД и уште 21 земја ја основаа во средата во Брисел светската алијанса за борба против детската порнографија на интернет.

„Сексуалното искористување на децата на интернет е тешко злосторство, обично е скриен во најоддалечените места на интернет“, изјави комесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром во изјавата за медиумите со американскиот министер за правосудство Ерик Холдер.
„Повеќе од милион сили на деца жртви на сексуалното искористување циркулираат во моментот на интернет. Детската порнографска индустрија на интернет собира секоја година нови 50 илјади слики’, додаде Малмсторм, повикувајќи се на статистиката на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрогите и криминалот.
„Меѓутоа, злосторниците прават сé за да ги направат своите мрежи невидливи и ниедна земја не може сама да ги победи“, додала еврокомесарката, поздравувајќи ја одлуката на 48 земји од светот да го формираат светскиот сојуз за борба против детската порнографија на интернет.
Во оваа алијансата се 27-те членки на Европската унија, САД и уште 21 земја: Албанија, Австралија, Камбоџа, Канада, Хрватска, Грузија, Гана, Јапонија, Молдавија, Црна Гора, Нов Зеланд, Нигерија, Норвешка, Филипини, Србија, Јужна Кореја, Швајцарија, Тајланд, Турција, Украина и Виетнам.
Целта на иницијативата е да се анимираат националните влади во светот подобро да ги идентификуваат жртвите,како и да им помогнат и да ги откријат сторителите. Во ЕУ веќе постојат закони за борба против детската порнографија, но честопати серверите се локализирани во странство и од таму дејствуваат, надвор од дофатот на полицијата и правосудството.
Според Малстром, повеќе од 9.500 страници детска порнографија се детектирани Русија, но таа не е дел од оваа алијанса. „Ја повикавме Русија да ни се приклучи, но не беше подготвена да го направи тоа. Се надевам дека ќе се приклучи подоцна“, изјави Малстром.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: