ФИФА воведува технологија на гол линијата

Првиот натпревар од Светското клупско првенство помеѓу Хирошима и Оукленд, што ќе се игра во четврток во Јапонија ќе влезе во историјата по тоа што за прв пат на едно натпреварување во организација на ФИФА ќе се користи технологија на гол линијата.

ФИФА со години отфрлаше да го примени системот „Соколово око“, кој веќе одамна со успех се употребува на мечевите во тенис, крикет, рагби и американскиот фудбал.
Данско германскиот изум „Goal Ref“ кој користи специјални магнетни сензори својата премиера ќе ја има токму на клупскиот мундијал во Јапонија.
Системот „Соколово око“ ќе има по седум камери на секој гол и ќе се мери до милиметар дали топката ја минала гол линијата.
При тестирањето било испитано дали на натпреварот од последното Европско првенство помеѓу Англија и Украина (1:0) Џон тери навреме ја исфрли топката пред голот, при што е констатирано дека топката за 25 милиметри ја минала гол линијата.
По клупскиот светски шампионат во Јапонија раководството на ФИФА ќе одлучи кој од овие два система на видео надзор ќе се биде употребен на средбите од Купот на конфедерациите во Бразил во 2013, а подоцна и на Мундијалот во 2014 година.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: