Џимиринки Продукција се млади дечки кои прават пародии од македонските хитови, но веќе некое време ги нема на ТВ екраните па одлучивме да дознаеме од прва рака што се случува.
Бевме принудени да мируваме пошто нашиот монтажер беше во Америка неколку месеци, сега повторно се враќаме со нови сили и идеи! Можете да не следите во емисијата Еден на Еден која се емитува на минута пред полноќ, секоја недела на Алфа ТВ, вели Ненад Пантовиќ, менаџер на Џимиринки Продукција за Пулс24.мк
Во продолжение имате пародија за гужвите во ЈСП во деновите кога бесплатно се возат пензионерите.
Г.М.
Пронајдете не на следниве мрежи: