Англискиот премиерлигаш Ливерпул е спремен да одвои 12 милиони фунти за фудбалерот на ЦСКА од Москва, јапонецот Кеисуки Хонда.
Еден од најдобрите јапонски фудбалери, Кеисуки Хонда, би можел наскоро да стане член на Ливерпул.
Овој 26-годишен фудбалер во летниот преоден трансфер-период беше поврзуван со екипата на Лацио, но тимот од Рим не можеше да одвои пари поради што се повлекоа од овој трансфер.
Тренерот на Ливерпул, Брендон Роџерс, инсистира клубот да се засили со играч кој би играл како плејмејкер, а Хонда се наметнува како главен кандидат.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: