АНРИ ПОВТОРНО ВО АРСЕНАЛ!!!

Одлична вест за сите навивачи на англискиот премиерлигаш Арсенал, легендарниот Тиери Анри повторно се враќа во Лондон, во тимот на Арсенал.

Како и што се шпекулираше во јавноста, како што пренесуваа и шпекулираа англиските медиуми, тоа и се оствари, французинот Тиери Анри постигна договор со челниците на Арсенал околу позајмица во лондонскиот клуб.

Легендарниот напаѓач кој се прослави во Арсенал, веќе беше на позајмица од екипата на Њујорк Ред Бул на почетокот од годината, а медиумите во Англија веќе пренесуваат дека Тиери Анри од јануари повторно ќе биде во дресот на Арсенал.

Анри со 228 голови на 376 натпревари е најдобриот стрелец во клубската историја на Арсенал.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: