Мурињо: Златната топка веќе му е доделена на Меси!

Иако, секако, сака ова признание да го добие неговиот фудбалер Кристиано Роналдо, тренерот на Реал Мадрид смета дека уште сега е извесно дека „Златната Топка“ повторно оди кај Лионел Меси.

Жозе Мурињо никого не остава рамнодушен со своите изјави, нешто што го повтори и овој пат.

Тој во изјава за шпанските медиуми, делуваше дека уште сега се помирил со тоа дека наводно „Златната Топка“ повторно ќе му биде доделена на аргентинецот Лионел Меси, иако до официјалното прогласување останаа уште месец дена.

„Златната Топка веќе е доделена. Кога веќе од луѓето од фудбалот се прави меѓународна кампања, тогаш ние не можеме тука апсолутно ништо“ изјави Мурињо.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: