Немања Пејчиновиќ „го отера кај што не треба“ Златан Ибрахимовиќ

Шведскиот интернационалец од редовите на екипата на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, вербално се навредуваше со српскиот интернационалец од редовите на Ница, Немања Пејчиновиќ.

Незадоволен од развојот на настаните на мечот со Ница, швеѓанецот му упати серија на „пцовки“ кон Пејчиновиќ, а србинот не му остана должен па возврати.

„Не би сакал да ви откријам какви зборови разменивме со Ибрахимовиќ. Одлично се разбираме ние двајцата. По натпреварот се поздравивме, јас заборавив на сето тоа а тој беше изнервиран од поразот“ изјави Пејчиновиќ.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: