Тренерот на екипата на КПР воспоставува дисциплина во тимот, а најновите информации велат дека Реднап им забранил на играчите да присуствуваат на забави за божиќните празници.
Сево ова се должи на катастрофалните резултати што ги приредија фудбалерите на КПР, тим во кој се вложи многу, но, влогот не вродеше со плод.
Фудбалерите на Квинс Парк Ренџерс не знаат за победа ни по 15 одиграни кола во Премиер Лигата оваа сезона.
Хари Реднап го презеде кормилото од Марк Хјуз по 12-тото коло, но ни тоа не донесе подобри резултати за овој тим.
„Дејли Телеграф“ пренесува дека Реднап бил иницијатор да не се прославува Божиќ на ниво на клубот.
„Нема да славиме Божиќ бидејќи не сме во ситуација што било да славиме. Ако нешто не ви е јасно погледнете ја табелата“ изјави Реднап.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: