Оби Микел го продолжи договорот со Челзи

Нигерискиот интернационалец од редовите на Челзи, Оби Микел, ја продолжи верноста со англискиот премиерлигаш на нов петгодишен договор.

25-годишниот фудбалер од средината на теренот стави потпис на нов договор со Челзи до 2017-тата година.

Џон Оби Микел до сега одигра 261 натпревар за Челзи, постигна два гола, освои Лига на Шампиони, Премиер Лига, четири ФА купа и Лига Куп.

Нигериецот истакна задоволство што ќе ја продолжи соработката со клубот во кој стекна име и каде имаше чест да игра со великани како што се Дрогба, Чех, Тери и Лампард.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: