Дневен хороскоп – 06.12.2012

 

Дневен хороскоп за 06.12.2012 – четврток.

 

Овен
Иако трпението не е ваша силна страна на карактерот, сега ќе треба да го покажете повеќе од кога и да е. Лесно можете да дојдете до целта само доколку го најдете вистинскиот начин. Ништо не претставува проблем, кога вашата материјална ситуација е задоволена.

Бик
Разочарувањето е работа која искрено ќе го повреди вашето его. Откако им се посветивте на вашите најблиски, дојдовте до заклучок дека непотребно сте потрошиле толкава енергија. Сепак, се' уште не е време за конечна одлука.

Близнаци
Родените во овој знак денес се на чекор до решавање на своите љубовни проблеми. Бидејќи партнерот го заврши својот дел од обврските, сега вам ви е редот. Во љубовната заедница не успевате да функционирате најдобро.

Рак
Околината мисли дека немате проблеми, бидејќи постојано молчите пред проблемите. Никој не разбира дека вашето трпение е големо и дека сте свесни за многу работи, но поради природата на нештата одбивате да коментирате непотребно. Она што искрено ве загрижува е финансиската состојба.

Лав
Романтичното расположение и еротските фантазии ќе ви го направат денот особено интересен. Желбата да заминете на патување со саканото лице изгледа доста примамливо и сега имате шанса повеќе од кога и да е да ја остварите. Вие знаете дека ве очекуваат извонредни мигови.

Девица
Здравјето е на удар денес. Можеби е крајно време да внимавате на себе и да направите анализи на вашата крвна слика, за да ги разјасните мистериите околу прашањето што ви се случува. Обидете се да внесете малку ведар дух во вашиот профил на личност.

Терезија
Конечно, настапи време на одмор и уживање. Сработеното оставете го настрана и уживајте во моментите кои се особено значајни. Потрудете се меѓучовечките односи да ги доведете до совршенство и ќе сфатите колку човек умее да биде богат.

Скорпија
Работната ситуација се наоѓа под строга контрола. На сцена ќе настапат измени кои ќе ви овозможат поголема материјална добивка и успех со кој ќе бидете горди. Какво било идеализирање е непотребно. Бидете ведри и размислувајте за убави нешта.

Стрелец
Бидејќи интензивно работевте на успехот поврзан со еден проект, конечно може да здивнете. Не штедете се кога се во прашање емоциите. Планетите ви ветуваат идеална врска, која набрзо би можела да биде крунисана со брак. Проблемите околу здравјето се неизбежни.

Јарец
Постојат работи кои навистина тешко ги прифаќате, но немате друг избор. Бидете толерантни и научете да ги слушате и другите. Вашите испади на нервоза не е должен никој да ги почувствува, особено ако немате причина за тоа.
 

Водолија
Кога ќе се навикнете на нешто, доаѓате до точка која бара од вас промени. Зачувајте го здравиот разум и обидете се да се навикнете на новонастанатата ситуација. Кога би се научиле проблемите да ги решавате од прва, наместо да ги одложувате, би успеале да функционирате подобро.

Риби
Пред вас ви претстојат незаборавни љубовни мигови кои ќе направат да се чувствувате исполнето. Не сте навикнати на толку големо внимание, но сепак не ги прифаќате наглите промени на однесувањето. Можеби партнерот е конечно свесен за вашите квалитети.

Пронајдете не на следниве мрежи: