Истражување: Кои актери на денешницата се преплатени

Според овогодинешната листа на Форбес на преплатени актери, актерот Еди Марфи се најде на првото место.

Имено, според процените на Форбес, Еди Марфи успеа да заработи по 2.50 долари од киноблагајните низ целиот свет за секој долар кој му беше платен. Како што пишува Форбес, Еди Марфи ја стекна својата слава во крајот на осумдесетите години на минатиот век, но никогаш не се појави во добар филм со одлична улога. Од неговиот избор на филмови, може да се извои Полицаецот од Беверли Хилс и 48 часа. Но по нив, Марфи се појавува во се полоши и полоши филмови, а постоеле и делови од неговата кариера кога никој не сакал да го ангажира. Последниве години е актуелен со Imagine That, A Thousand Words и Meet Dave, но неговата кариера не се движи нанапред. 

Второто место го освои Катрин Хегел, која успеа да заработи 3.50 долари за секој долар што и е платен. Нејзините улоги во веќе видените холивудски романтични комедии навистина не заслужуваат милиони долари.

Потоа од 3 до 10 место, листата изгледа вака: Рис Видерспун, Сандра Булок, Џек Блек, Николас Кејџ, Адам Сендлер, Дензел Вашингтон, Бен Стилер и Сара Џесика Паркер. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: