Мастурбација и митовите поврзани со неа

Ви ги претставуваме најчестите 5 митови и вистини во врска со самозадоволувањето. Се надеваме ќе го задржиме вашето внимание на оваа тема…

 

Мит бр.1. Само адолесцентите се самозадоволуваат

Вистина:Самозадоволувањето е активност која не прати низ целиот живот. Различни истражувања покажуваат дека мастурбираат помеѓу 70 и 95% возрасни мажи и жени, а ако се намали честоста на самозадоволување, оваа активност ве прарти до златните години. Едно истражување во кое биле вклучени 800 возрасни лица, постари од 60 години покажува дека дури 46% од нив мастурбираат. Ова значи дека мастурбирањето не е само сексуална активност на младите и  не може да се сврсти во незрело сексуално однесување.

Мит бр.2. Самозадоволувањето не е вистински секс

Вистина: Самозадоволувањето е вистински секс, затоа што за време на мастурбирањето, присутна е возбуда која завршува со вистински оргазам. Некои тоа го споратзатоа што по нивно мислење, сексот е само пенетрација на пенисот во вагината, при што постои репродуктивна намера, односно чин на размножување, но по оваа логика тогаш ни оралниот нитуи аналниот секс не се вистински.

Мит бр.3. Самозадоволувањето е штетно по здравјето

Вистина: Под влијание на некои религии маркетиншки трикови, самозадоволувањето низ историјата, се претставувало како болест која можела да доведе до ослепување, акни или влакнестост по дланките или до крајност да ви исуши раката или падне пенисот. Денес е сосема јасно дека мастурбацијата е сосема нештетна, во нормални граници. Мастурбацијата не претставува никаков ризик било тоа да го правите еднаш месечно или три пати дневно.

Мит бр.4. Само мажите се самозадоволуваат

Вистина: Иако статистички гледано, мажите навистина почесто мастурбираат од жените, тоа не е доказ дека е биолошки исправно. Вистина е дека социалниот однос кон женската мастурбација е негативен, што и влијае на статистиката. Но и една друга причина е во прашање – жените не сакаат многу да разговараат на оваа тема. Вистина е дека и обата пола мастурбираат.

Мит бр.5. Лицата кои се во врска не се самозадоволуваат

Вистина: Овој мит често предизвикува внимание кај лицата што се во врска, дали мастурбираат или не. Да мастурбираат но за тоа не разговараат со партнерот, а го прават потајно. Една анкета говори дека дури 40% мажи и 30% жени кои се во врска и имаат редовни сексуални односи се самозадоволуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи: