Поделеност во СБ на ОН околу работата на Хашкиот трибунал

Постојаните членки на Советот за безбедност при Обединетите нации(ОН) со поделени мислења во врска со работата на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија по неодамнешните ослободителни пресуди за Анте Готовина, Младен Маркач и Рамуш Харадинај.

САД, Германија и Велика Британија повикаа на почитување на тие пресуди и изразија целосна поддршка на судот, Русија ги оквалификува како неправедни, додека Кина порача дека судот мора да работи непристрасно.
На членките на Советот за безбедност им се обрати и српскиот вицепремиер Александар Вучиќ, кој порача дека меѓународната правда мора да се применува на сите, а не да биде селективна.
„Имаат ли и Србите право на правда?“, праша Вучиќ, порачувајќи му на судот дека не казнил никого за злосторствата врз Србите во Хрватска.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: