Пет загинати во судирите во Каиро, тенкови пред претседателската палата

Loading...

Пет демонстранти се убиени, а 450 се повредени ноќта кон четвртокот во египетската престолнина Каиро во судирите меѓу противниците и приврзаниците на претседателот Мохамед Морси, во најжестоките насилства по изборите кои го поделија Египет.

Во безредијата и судирите во коишто биле употребени камења, молотови коктели и палки избувнаа околу претседателската палата и со куси прекини траеја цела ноќ. Очевидци тврдат дека се слушале и истрели.
По синоќешните судири на коишто на повик на движењето Муслиманско братство се одѕваа многу исламисти, египетската армија распореди тенкови во четвртокот наутро  пред претседателската палата во Каиро.
Советникот на претседателот Морси, Мохамед Есмат Сеиф Едавла најави оставка во знак на протест. Опозицијата го обвинува Морси дека сака да воспостави диктаторски режим по неговиот декрет од 22-ри ноември со кој си додели неограничени овластувања.

Макфакс

loading...
Loading...