Спортот открива многу за мажите

Што прави вашиот партнер во времето додека не е со вас?

 

Доколку игра спорт, тогаш прочитајте што покажува спортот кој го игра… Во зависност од спортот кој го избрал, можете да го дознаете неговиот карактер, желбата да се натпреварува и неговите приоритети.

Дали е агресивен, страствен, спокоен или тактичар. Мажот кој десет часа во неделата гледа фудбал, сигурно е различен од оној кој игра пинг понг. Ви откриваме што неговиот омилен спорт е, всушност, зборува за него.

Фудбал 
Вљубеникот во фудбалот е  натпреварувач и тимски играч. Овие мажи имаат мачо сензибилитет и го ценат другарството. Но ако во недела на ТВ, има фудбалкси натпревар , не планирајте  ништо со овој маж, зашто сигурно нема да направи ништо освен да ужива во фудбалот.

Пливање 
Пливачите се ултимативни индивудуалци, високо дисциплинирани, исклучително издржливи и психички стабилни луѓе. Дечко кој сака пливање и со тоа се  занимава, истрениран е да оди до крај,  и пред сè многу упорeн. Не се крие позади колективот, носи свој дел од одговорноста, а веројатно и како што е предвидено во пливањето, се посветува во врската, се разбира, само кога е вистинската во прашање.

 

Веслање
Момци кои сакаат  веслање се дисциплинирани, истрајни и силни. Тие се помалку и естетски типови кој даваат сто проценти во спортот, како и во врската. Мирни и спокојни, но доколку пламнат чувајте се од нивниот гнев.

Пинг Понг 
Овој маж е упорен и издржлив, и најверојатно сака да работи секогаш по свое. Тимската игра не е негова страна, но овие момци се дефинитивно со голема индивидуалност. Не им е гајле што мислат другите за нив. Големи тактичари се, и знаат да бидат  експлозивни.

Триатлон 
Овој спорт вклучува пливање, возење велосипед и трчање. Дали тоа значи дека можеби овој тип не сака врска за  сериозно? Во секој случај, тој е енергичен, авантурист, а ако се заљубите во триатлонец, набавете си добар пар патики.

Покер 
Луѓето кои играат покер се смирени, трпеливи, вешти и добро реагираат под притисок. Но, од една страна тие се осамени и не им пречи тоа што четири часа се седнати на масата со еден куп странци, или уште полошо сами во соба играјќи покер онлајн.

Куглање 

Овој човек не се грижи многу за трендови. Помалку е чуден, но и симпатичен на некој  начин. Сака добро друштво и забава. Има одична координација и перцепција на просторот и времето.

Сурфaње 
Овој маж, пред се ја цени своајта слобода, тој е авантурист на кој медалите не му се важни, туку задоволството и забавата.

Кошарка 
Човекот кој сака кошарка е компетитивен, енергичен и не се плаши од борба. Сака друштво, добра забава и не му е тешко да биде потпора и поддршка. Посветени се на она што го работат и лојални на својата љубов.

 

Тенис 

Тенисот е спорт за самоуверени, независни индивидуи кои ја сакаат конкуренција, но за титулата сакаат да се борат сами. Тенисот, исто така,ги учи мажите дека е во ред да заплачат, особено ако освојат некој гренд слем турнир.

Пронајдете не на следниве мрежи: