91-годишниот Мардок не се одвојува од 25 години помладата девојка (ФОТО)

Медиумскиот магнат Руперт Мардок деновиве се најде во центарот на вниманието благодарение на љубовната врска со неговата нова избраничка Ен Лесли Смит, која е 25 години помлада од него.

Папараците повторно ги снимиле на една од плажите на Барбадос каде уживаат заедно и не се одвојуваат еден од друг, а таа му помага да се движи држејќи го за рака.

Нивните пријатели за странските медиуми откриле дека се запознале минатата година и дека тој изгледа многу среќен.

Ен-Лесли, која зад себе има два брака, секако е најбогатата жена со која бил во врска. Нејзиниот последен сопруг, милионерот Честер Смит, кој стана ТВ магнат, имаше 75 години кога се омажи за него и почина само три години подоцна во 2008 година, оставајќи ја контролата врз неговиот имот од 156 хектари земјиште во Калифорнија, каде што се одгледуваат грозје и маслинки.

Пронајдете не на следниве мрежи: