Наместо да спаси човек од метро, тој го сликал

Осомничениот Наеми Дејвис го бутнал Ки Сук Хана (58) на шините во моментот кога наближувал воз во Менхетен.18 личности во тој момент кој се наоѓале на станицата гледале, а фотограф на ''New York Post'' овој случај го фотографирал и објавил под наслов ''Осуден, бутнат на шините, овој човек чека смрт!''

 

Фотографијата од подземната станица на Тајмс Сквер на Менхетен го потресе целиот свет. Имено на сликата која е објавена во весникот, прикажан е човек, Ки Сук Хана (58) кој стои на шинитеи се обидува да се качи на станицата, додека никој од останатите патници не се обидува да му помогне. Патникот кој бил сведок на трагичната смрт на мажот кој го прегази возот, проговори за својот гнев кон 18 луѓе кои само седеа и го гледаа овој грозен чин. На несреќниот човек никој не му помогна, а дури еден фотограф го извадил апаратот и почнал да фотографира. 

Патрик Гомез признал дека во тој момент тој се скаменил. Гледајќи го тој застрашувачки поглед, никој не собра храброст да му помогне на несреќникот. 

Луѓето од платформата многу лесно можеа да го спасат човекот од смртната замка, но никој не изреагирал онака како што треба. Најсилните критики беа упатени кон фотографот кој ја снимил морничавата фотографија на блиската средба со смрта. Иако Абаси се обиде да се оправда дека со блицот сакал да го предупреди човекот на шините, никој не му поверува.

Фотографијата во вторникот наутро се појави на насловната страница на ''New York Post'', со наслов “Осуден, бутнат на шините овој човек ја чека смрта.''

Истиот ден, полицијата испита еден од осомничените за кој сметаат дека го бутнал Хан на шините. Се работи за 30 годишниот Наем Дејвис за кој сведоците тврдат дека го виделе како прво разговара сам со себе, а потоа му приоѓа на човекот кој умрел. Исто така се тврди дека тие двајца се расправале, после што осомничениот го бутнал Хан на шините. Дејвис во вторникот попладне беше приведен во полициската станица каде што го призна злосторството.

 

Овој трагичен настан предизвика огромен бес на социјалните мрежи, каде коментарите се ужасни и го обвинуваат фотографот за објавување на невкусни и неморални фотографии.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: