Бонучи: Дајте ни го Реал!

И додека помошникот тренер на Јувентус истакна дека прво би го избегнал кралскиот клуб во наредната рунда од Лигата на Шампионите, Леонардо Бонучи мисли поинаку.

Со пласманот во наредната рунда од елитното европско натпреварување, во Јувентус веќе размислуваат околу потенцијалниот противник во елиминационата фаза.

Анџело Алесио истакна дека сака да го избегне Реал Мадрид, сепак Леонардо Бонучи посакува противник на Јуве во наредната фаза од ова натпреварување да биде токму Реал Мадрид.

„Го сакам Реал Мадрид! Јувентус созреа како тим, покажавме дека можеме да играме против секој, Реал е екипа која се истакнува меѓу потенцијалните противници, иако во оваа фаза нема лесен противник“ истакна дефанзивецот на Јувентус, Бонучи.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: