Петр Чех незадоволен по елиминацијата на својот тим од Лигата на Шампионите, истакна дека вината за неуспехот никако не ја сноси само тренерот.
Шампионот на Европа во продолжението од сезоната нема да игра во елитното европско натпреварување, Челзи ќе мора да се задоволи со Лига Европа.
По освојувањето на Лигата на Шампионите, Челзи оствари голем неуспех со елиминацијата од групната фаза во Лигата на Шампионите, а Петр Чех смета дека вината за неуспехот ја сносат сите во клубот.
„За жал, кога ќе промените тренер, само сте го промениле тренерот, одговорноста за резултатите е подеднаква за сите. Сите сме во ист проблем, и тренерот и играчите, одговорноста е иста за сите. Ние сме тим“ изјави Чех.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: