Творецот на антивирусот McAfee уапсен во Гватемала

Полицијата на Гватемала го уапси креаторот на компјутерски антивирусни McAfee, Џон Мекафи, кој претходно избега во оваа земја пред властите на централноамериканската држава Белизе, каде што е осомничен за убиство.

Информацијата во четвртокот ја објави Reuters, повикувајќи се на изјава гватемалскиот министер за внатрешни работи, Маурицио Лопез Бонила. Во понеделникот, беше објавено дека 67-годишниот Џон Мекафи усепал да им побегне на органите на прогонот во Белизе и да исчезне во непознат правец. На својот блог на интернет, познатиот програмер изјави дека на границата со Мексико власите на Белизе уапсиле негов „двојник” со пасош на Северна Кореја со негово име, а тој ја напуштил земјата безбедно. Адвокатот на Мекафи подоцна изјави дека неговиот клиент се наоѓа во Гватемала и ќе побара од тамошните власти да му дадат политички азил.

Според министерството за внатрешни работи на Белизе, Мекафи кон средината на ноември го застрелал поради конфликт американскиот инженер Грегори Виант Фол. Претходно, американскиот телевизиски канал Fox News објави дека Мекафи, исто така, е осомничен за вмешаност во нелегалната трговија со дрога во Централна Америка.

И претходно творецот на антивирусот McAfee имаше проблеми со законот. Според медиуми, во мај 2012, полицијата во Белизе го претресувала неговиот дом и го привела Мекафи. Подоцна тој беше обвинет за нелегално поседување оружје и производство на наркотици, но потоа овие обвиненија беа повлечени.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: