Несреќниот добитник на лотаријата во висина од 64 милиони фунти(78 милиони евра) ја пропушти шансата да ги подигне парите.
Законскиот временски рок истече во среда во 23 часот, а наместо него, парите ќе ги добијат хуманитарни организации.
Среќното ливче е купено во англискиот округ Херфордшир.
Кога операторите на Британската национална лотарија во јуни оваа година соопштија дека добитничкиот тикет е купен во округот Херфордшир, очекувале среќниот добитник да се појави за неколку дена.
Доколку добитникот се појавеше вчера во текот на денот, освен основната награда ќе добиел и дополнителни 645.000 фунти на име камати.
Во 2009 година добитникот подигна награда од 2,5 милиони фунти непосредно пред истекот на рокот.