Аргентинскиот интернационалец во редовите на Барселона, Лионел Меси, изјави дека му олеснало кога разбра дека повредата не е премногу сериозна.
Лионел Меси призна дека се чувствува многу подобро иако стравуваше за иднината на својата кариера по синоќешната повреда на коленото.
Првотимецот на Барселона најверојатно ќе го пропушти наредниот меч во Примера Дивизија против Бетис, но верува дека е во прашање мала повреда бидејќи синоќа стравувал дека кариерата му е доведена во прашање.
„Искрено, стравував дека кариерата ми е доведена во прашање кога ја почувствував болката во коленото. Се обидов да ја продолжам акцијата по контактот и да упатам удар кон голот но едноставно немав сила за такво нешто“ изјави Лионел Меси.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: