Откриен дефект на авионот на Ивица Дачиќ пред патот за Кипар

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ не полета на време од белградскиот аеродром Никола Тесла кон Кипар бидејќи бил откриен дефект на авионот, дознава „Блиц“.

Изворот на весникот вели дека при стартувањето на моторот бил откриен дефект на делот таканаречен стенд бај хоризонт.
Дачиќ требало да патува со владиниот „фалкон“, а летот требало да биде околу 17:30 часот. Изворот на „Блиц“ вели дека дефектот бил откриен откако премиерот веќе влегол во леталото.
Делот чиј дефект е откриен, е еден од најважните инструменти за време на летањето, посебно ноќе и во лоши временски услови, бидејќи ја покажува позицијата на авионот.
Обата српски владини авиона, „фалкон“ и „лирџет“ се подложни на дефекти бидејќи се стари преку 20 години.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: