Австралиската премиерка вети дека ќе ги заштити граѓаните од зомби и чудовишта

Австралиската премиерка Џулија Гилард во четвртокот преку националната телевизија, ги предупреди сонародниците за приближување крајот на светот, кој, според пресметките на Маите, ќе дојде на 21-ви декември.

Оваа видео изјава се појави на телевизијата премиерно како дел од промотивната кампања за утринска шоу програма на младинската радио станица Triple J. „Драги мои, преживеани сонародници – Австралијци!“, го започна своето едноминутно обраќање премиерката Џулија Гилард во чија заднина се поставени две национални знамиња. Зачувувајќи го сосема сериозниот лик, таа признава дека крајот на светот, кој не настапи во 2000 година, како ниту откако нејзината влада го наметна данок на јаглен, сега навистина е многу блиску.
Премиерката, исто така, ги убедува своите избирачи дека ќе се бори за нив до крајот, и покрај „крвожедните зомби или чудовишта од пеколот“, коишто според мислењето на Гилард ќе го нанесат завршниот удар на нашиот свет заедно со музичката субкултура К-поп.
Кабинетот на премиерката, од каде побарале официјален коментар шокираните новинари, на претставниците на медиумите им било советувано да пишуваат за тоа, додека уште не дошол крајот на светот. „Дали Австралијци немаат право да се смеат?“, додале од кабинетот на Гилард.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: